За десет години цените три пати пониски: Македонците навалија на станови во Банско за 10.000 евра

1789 Views Февруари 7, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Во последните 10 години цените на викендиците и становите во најголемото зимско одморалиште во Бугарија-Банско се намалени за три пати.

Додека во пред десетина години имот најчесто купуваа Руси и Англичани, Србите и Македонците се на прво место според бројот на продадени недвижности во ова бугарско зимско одморалиште, анализира бугарскиот портал факти.бг.

Главната причина за ова, според аналитичарите се достапните цени. Исто така тие се привлечени од добрата локација на одморалиштето и скијачкиот центар на Пирин планина. Интерес за купување имаат и богатите Турци.

Според порталот, на крајот на 2007 и почетокот на 2008 година квадрат чинел од 1.200 до 1.500 евра, сега може да се купи стан за цена од 350 до 450 евра за метар квадратен.

Ова не важи за луксузни апартмани, кои што се продаваат по цена од 900 евра метар квадратен.

Просечната цена на еднособен стан во Банско изнесува околу 450 евра за метар квадратен, може да се види на најголемата бугарска веб страна за недвижности имот.бг.

Идеален стан со површина од околу 41 метар квадратен се нуди по цена од 15.000 евра изграден во 2008 година.

Стан од 30 квадрати изграден во 2007 година може да се најде по цена од 10.000 евра.

Речиси идентична е вредноста на двособните станови кои се продаваат по цена од 460 евра за метар квадратен. Најевтино може да се купи стан од 75 квадратни метри по цена од 20.000 евра. Најскап стан од овој тип, како што е објавено на сајтот за недвижности е 29.000 евра.

Во моментов во Банско се нудат околу 700 двособни станови и 250 трособни станови.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.