Општина Карпош ќе продава четири возила помеѓу кои и џипот кој го возел Стевче Јакимовски

Четири патнички и едно товарно возило што беа дел од возниот парк на Општина Карпош ќе бидат дадени на продажба, информираат од таму.

Советниците на Општина Карпош на седмата седница на Советот, одлучиле да ги продадат товарното возило „волво“ и возилата „ауди ку7“,„санг јонг“, „форд фиеста“ и „застава југо“.

- Средствата што ќе бидат собрани од продажбата на дел од возниот парк ќе бидат наменети за купување возило за товар на лисја и смет со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената - велат од Општината.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.