Уставниот суд поведе постапка за Законот за вино по иницијатива на адвокатка од Кавадарци

532 Views Февруари 8, 2018 Вино Редакција Емагазин

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 точката 28-а во делот: „наменето за извоз“, членот 16-а ставот 1 во делот: „наменето за извоз“, членот 17 ставовите 2 и 3 во деловите „наменето за извоз“, членот 18 ставот 1 во делот: „наменето за извоз“ и членот 19 ставот 1 во делот: „наменето за извоз“ од Законот за виното.

Во оспорените одредби се пропишува дека трговец со винско грозје е правно или физичко лице кое врши откуп на винско грозје наменето за извоз.

Според адвокатката Надица Андова од Кавадарци, со оспорените измени на Законот за виното се овозможувало откуп на винско грозје за производство на вино да вршат само производители на вино и трговци со винско грозје наменето за извоз, со што во неповолна положба биле ставени сите трговци кои откупувале винско грозје кое не било наменето за извоз, туку се пласирало на домашниот пазар, објави Академик.

„Трговците со винско грозје на тој начин немаат друг избор, освен да бараат пласман на винското грозје надвор од државата или да им го продаваат на домашните производители на вино кои ги исполнувале условите во согласност со Законот“, се посочува во Иницијативата.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.