Есер Џевахир, првиот човек на „Џевахир скај сити“ не доби македонско државјанство

6946 Views Февруари 8, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Владата на последната седница одлучуваше по барањето на Есер Џевахир, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија.

Од Владата за еМагазин, велат дека неговото барање е е одложено за некоја од наредните седници:

„Барањето на Есер Џевахир за прием во државјанство на Република Македонија е одложено за некоја од наредните седници“.

Есер Џевахир е прв човек на „Џевахир холдинг“, турска компанија која во главниот град Скопје го реализира градежниот проект „Џевахир скај сити“ во чии рамки се градат неколку облакодери со кои Македонија ќе ги добие највисоките градби на Балканот.

Фото: МРТ  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.