Ученик упати апел да му помогнеме на дедо на кој му треба облека и храна

"Овој дедо секој ден го сретнувам на истово место. Седи 10 метри после Центар Бар кој се наоѓа после рекорд. Седи на мермер и решава крстословки. Тој е со искинати чевли, стари алишта кои не се баш погодни за ова време. Неможев да издржам, а да не направам пост за овој дедо кој на изглед е многу мил и се гледа дека има добра душа.

Честопати кога сум на голем одмор го делам моето јадење за мене и за него, но тоа не е доволно за овој предобар дедо кој изгубил изгледа се! Секој кој може парично или некоја облека која не му треба нека му ја однесе.

Тој уште од околу 9 часот седи на своето место после Центар Бар и кога завршувам со школо повторно го гледам околу 13 и 30 часот, а сигурно седи повеќе. Јас сум дете и сум ученик, па сам неможам многу да направам, Ве замолувам на било кој начин да му помогнеме и да бидеме хумани луѓе какви што мислам дека во ова наше убаво Скопје е полно со такви добри луѓе! Споделувајте добри луѓе! “, стои во апелот на социјалните мрежи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.