И за директор на основно и средно училиште нема да се полага психолошки и тест за интегритет

Министерството за образование работи на предлог за изменување и дополнување на Законот за основно образование.

Според предложените измени доставени на Националниот регистар на прописи со законските измени се отстранува одредбата директорите на основните училишта да имаат положено психолошки тетси и тест за интегритет.

-Со Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование се врши дополнување на одредба во законот, односно се дава можност кандидатите за директор да можат да конкурираат со положен испит АПТИС (АПТИС) - најмалку ниво А2. Се брише одредбата кандидатот задолжително да има положено психолошки тест и тест за интегритет. Целта на предложените законски решенија е да се подобрат критериумите за избор на директор на основно училиште, се вели во објаснувањето од Министерството за образование доставено до ЕНЕР.

Истото образложение се однесува и на измените на законот за средно образование доставени до ЕНЕР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.