Во Црна Гора се гради првиот еко-град на Балканот

Во местото Бандичи, во близина на Подгорица, Црна Гора почна да се гради првиот еко-град на Балканот. Во градот ќе има 1.400 станови и во него ќе може да живеат околу 7.000 лица.

Инвестицијата е во вредност од 25 милиони евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Уште во 2017 година како што пишуваат тамошните медиуми имало голем интерес за проектот од инвеститори од Блискиот Исток кои позади себе имаат успешно реализирани проекти во Англија, Шпанија, Австралија и Нов Зеланд.

Еколошкиот град ќе има детска градинка, училишта, поликлиники, трговски и спортски комплекси, како и голф игралиште.

За изградбата ќе се користат само еколошки материјали, а се очекува да биде изграден за пет години.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.