Спорот за името во „Викиликс“: Германија не сакала да лобира кај Грција и Македонија

1584 Views Февруари 9, 2018 Наша тема Никола Осило

Се поголемото интензивирање на процесот за наоѓање решение за спорот за името, кој е наметнат од страна на Грција по осамостојувањето на нашата земја придонесе на површина да испливаат документите на оваа тематика што ги објави „Викиликс“, а кои откриваат пикантерии за влијанието на САД врз целиот процес, задршките во Европската Унија и отвореното противање на Грција на евроинтегративните процеси на нашата земја.

Во оваа прилика ја пренесуваме содржината на документ од САД од 2009 година, во кој тогашниот заменик-директор за Балканот во американското Министерство за надворешни работи објаснува дека Германија нема намера директно да се инволвира во билатералниот спор меѓу Грција и Македонија.

„Заменик-директоротза Балканот М.Б., соопшти дека Германија ги поддржува напорите на посредникот на ОН, Метју Нимиц за решавање на спорот што го има Грција со името на Македонија, но и дека сепак не планира активно да лобира на двете страни.

М.Б. беше со намален оптимизам околу очекувањата дека Европскиот совет би можел да одреди датум за почнување на преговорите на Македонија за влез во Европската Унија за време на состанокот на 10 декемеври.

М.Б. верува дека Грција се уште активно ќе се противи на таква одлука се додека не се реши проблемот со името, што оневозможува напредок во Советот“, пишува во документот.

Во него, се додава дека САД отворено ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и дека американските претставници посакувале Македонија да добие позитивни оценки во тогашниот извештај за напредок на Европската комисија.

Претставниците на САД информирале дека Германија ги дели нивните гледишта, но и дека спорот меѓу Грција и Македонија е билатерален и дека Германија не би сакала да биде премногу инволвирана.

Целиот документ ТУКА.

Фото: sputnikinternational.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спорот за името во „Викиликс“: Фрустрациите на Али Ахмети

Спорот за името во „Викиликс“: Владата на Груевски уште во 2008 година понудила заедничко ревидирање на историските учебници со Грција

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!