Во Јужна Кореја започнуваат Зимските олимписки игри: Кои се нашите преставници

558 Views Февруари 9, 2018 Спорт Редакција Емагазин

Јужнокорејскиот град Пјонгчанг од денеска до 25 февруари ќе биде домаќин на 23. Зимски олимписки игри.

На овие Олимписки игри ќе настапат тројца македонски спортисти и тоа:

- Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)

- Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)

- Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри ќе го носи олимпиецот Ставре Јада

Официјални лица кои ќе бидат дел од Олимписката делегација се Иван Лесевски (тренер), Ѓоко Диневски (тренер), Владимир Пановски (тим лидер), д-р Небојша Настов (доктор-Претседател на Здравствената комисија на МОК), Владимир Богоевски ( МОК спортски директор) и Сашо Поповски, кој ќе биде водач на Олимписката делегација на Македонскиот олимписки комитет.

На овие игри, македонската олимписка делегација ќе биде облечена во олимписката колекција на компанијата за спортска опрема 4Ф, информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Фото: МОК

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.