Путин призна дека нема смартфон

795 Views Февруари 9, 2018 Техно Редакција Емагазин

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нема паметен телефон на состанокот со научниците, каде што шефот на Институтот за нуклеарно истражување Курчатов Михаил Коваљчук во својата презентација нотирал дека "секој има паметен телефон во своите џебови".

Путин на ова изјавил: "Ти рече дека секој има паметни телефони, но јас немам паметен телефон". Иако неговата изјава предизвикала смеа кај публиката, тоа не е изненадување.

Рускиот претседател не е особено заинтересиран за новите технологии. Во 2005 година тој сè уште немаше мобилен телефон.

Минатата година, беше јасно дека не е заинтересиран и да ги користи популарните социјални мрежи, како Фејсбук, Instagram и рускиот VKontacte.

Меѓутоа, премиерот Дмитриј Медведев е целосна спротивност на Путин. Тој има iPhone, и има официјална страница на Instagram.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.