(Фото) Боите на македонското знаме на „Емпајр стејт билдинг“ во Њујорк

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат осветлени на познатата њујоршка зграда Empire State Building.

Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денес во 23:22 часот по македонско време.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Во Јужна Кореја започнуваат Зимските олимписки игри: Кои се нашите преставници

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.