(ВИДЕО) Македонската делегација на свеченото отварање на ЗОИ 2018

382 Views Февруари 9, 2018 Спорт Редакција Емагазин

Попладнево свечено беа отворени 23-тите Зимски Олимписки игри, а македонската делегација, на чело со Ставре Јада, продефилира на отварањето во Пјонгчанг.

Покрај нордиецот Јада, Македонија во Јужна Кореја ќе биде претставена од Викторија Тодоровска во нордиско скијање и Антонио Ристевски во алпско скијање.

Во Пјонгчанг ќе настапат вкупно 2.952 спортисти, а најмногу ќе бидат од САД - 242. 

Ова ќе бидат рекордни ЗОИ по бројот на учесници, а исто така и според рекордниот број натпреварувачи од САД. 

МИА/Видео: МРТ/koki kosta

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.