(ВИДЕО) Како бразилските убавици се подготвуваа за годинешниот карневал во Рио де Жанеиро

1102 Views Февруари 10, 2018 Свет Никола Осило

Синоќа официјално почна карневалот во Рио де Жанеиро кој, според локалните власти, ќе привлече 1,5 милиони туристи и ќе генерира приходи од повеќе од една милијарда долари.

Традиционално, карневалот почна со тоа што градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.

Секоја година специјално жири избира висок и дебел човек кој е во улогата на кралот Момо. Карневалот има и кралица која ќе биде придружена со принцези. Тие исто така се одредуваат со гласање.

Централниот настан на карневалот во Рио де Жанеиро е конкурсот-парада на школите по самба на самбадромот „Маркиз де Сапукаи“. Дванаесет училишта по самба секоја година се борат за титулата победник во натпреварот.

На видеата подолу може да се види како танчерките се подготвуваа за годинешниот карневал. 

Видео/фото: TerraAcquaAriaFuocoBrazil Ecotour

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!