Се заканува војна: Израел и Иран директно се судрија во Сирија

805 Views Февруари 10, 2018 Свет Никола Осило

Ескалира состојбата во Сирија, но и на Блискиот Исток откако Израел собори дрон на сириските сили, а  истовремено беше соборен авион на Израел. 

Воениот сојуз, поддржан од сирискиот претседател Башар ал Асад, денеска соопшти дека отсега натаму Израел ќе добие „одлучен и сериозен“ одговор на својот „тероризам“. Во соопштението се наведува дека израелското тврдење за дрон, кој навлегол во израелското воздушно пространство, е „лага“, додавајќи дека Израел нападнал база на дронови во централниот дел на Сирија.

Дроновите изутринава полетале од базата Т4 со цел да извршат рутински операции против групата Исламска држава во сириската пустина, се додава во соопштението.

„Кога базата беше нападната, нашите дронови се уште летаа над гратчето Сохна кон пустината“, тврди сириската страна.

Израелскиот амбасадор во Русија, Хари Корен изјави денеска дека единиците на либанската шиитска организација Хезболах, кој е поддржана од Иран, како и шиитските муслимански бунтовници треба веднаш да бидат повлечени од јужниот дел на Сирија.

„Повеќе сакаме да зборуваме за спроведување на разните договори околу зоните за деескалирање, во нашиот случај кон југ, долж границата со Израел. Секое присуство на ирански единици, хезбулах и шиитски бунтовници треба да се прекине“, истакна Корен.

Фото: middleesteye.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!