(ВИДЕО) Ветрот си „поигра“ со фризурата на американскиот претседател Доналд Трамп

702 Views Февруари 10, 2018 Свет Никола Осило

Светската јавност многу пати досега го поставувала прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп носи перика или пак тоа е неговата вистинска коса. Тој самиот во неколку наврати се пошегувал на оваа тема.

При неодамнешното полетување со претседателскиот млазен авион се докажа дека Трамп се уште „ја носи“ својата коса, бидејќи на аеродромот дуваше толку силен ветер што веројатно не би го издражала ниту една перика.

Сепак, видеото од оваа случка го обиколи светот најмногу заради „игрите“ на косата на Трамп.

Фото/видео: strangervideo

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!