Петиција за професорката од „Јосип Броз Тито“ која по 23 години остана без работа

3167 Views Февруари 10, 2018 Македонија Никола Осило

Граѓани активираа онлајн петиција за помош на професорката по физика Олга Сејменов од скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ која по 23 години поминати во гимназијата е оставена и без работа и без пензија. 

Професорката во јули 2017 не можеше да го оствари своето, со закон гарантирано право, на продолжување на Договорот за вработување по навршени 64 години возраст, објави Civilmedia.

Наместо одлука за продолжување, училиштето донесе решение за прекин на договорот за работа, поради остварување на старосна пензија, иако професорката сè уште немаше навршено 64 години.

По жалбата до Училишниот одбор, Сејменов е одбиена, со образложение дека барањето за продолжување на договорот за работа не е поднесено во законски дадениот рок.

Осум месеци подоцна, Сејменов не е ниту вратена на работа, ниту може да го оствари своето право на пензија, затоа што како што вели, службите на училиштето сè уште не ги средиле и не ги доставиле документите до ПИОМ.

Петицијата и целиот текст ТУКА.

Фото: Civilmedia

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!