Ракометарките на „Вардар“ со победа над Будуќност ја продолжија успешната серија во ЛШ

160 Views Февруари 10, 2018 Спорт Никола Осило

Ракометарките на ЖРК „Вардар“ попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Будуќност со 31-24 (19-8). Ова е деветти триумф по ред сезонава во елитното европско натпреварување за „црвено-црните“ и 29-ти меч по ред во кој се обезбедени бодови.

Вардар останува лидер на табелата во група 2 во главната фаза со 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад (219 гола).

Пенезиќ со осум голови ја преводеше листата на стрелци, а кај Будиќност најпрецизна беше Брновиќ со шест гола.

Наредниот меч во Лигата на шампионите, Вардар го игра дома на почетокот на март, кога во Скопје гостува германски Битигхајм.

Фото: ЖРК Вардар

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!