Уапсени полицајци на Косово за манипулирање со докази за убиството на Оливер Ивановиќ

238 Views Февруари 11, 2018 Балкан Никола Осило

Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ.

Станува збор за Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ и двајцата на возраст од 48 години.

Двајцата полициски службеници претходно биле дел од Министерството за внатрешни работи, а биле вклучени во косовската полиција,врз основа на договорот од Брисел.

Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше убиен утрото на 16 минатиот месец,кога во него беше пукано пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.

По речиси три недели од убиството, косовските власти, минатата недела, почнаа соработка со српските колеги, на кои им биле дадени дел од документите од истрагата, меѓу кои и извештајот од обдукцјата, со цел што побрзо расветлување на убиството на Ивановиќ.

Фото: balkaninsight

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!