(ВИДЕО) Ниту еден преживеан во авионската несреќа близу Москва

525 Views Февруари 11, 2018 Свет Никола Осило

Авион на руската компанија Саратов ерлајнс во кој имало 71 патник, се урна денеска во подрачје југоисточно од Москва, а извори од службата за вонредни ситуации наведуваат дека нема преживеани.

Пронајдени се делови од авионот Ан-148 што исчезна од радарите непосредно по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово. Во авионот имало 65 патници и шест члена екипаж.

Авионот сообраќал кон Орск град што се наоѓа во близина на границата меѓу Казахстан и Русија.

Фото:tass.ru/Видео:youtube/RT

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Руски авион со 65 патници исчезна близу Москва

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!