Спорот за името во „Викиликс“: Црвенковски бил шокиран од конструктивноста на Груевски

2423 Views Февруари 12, 2018 Наша тема Никола Осило

Се поголемото интензивирање на процесот за наоѓање решение за спорот за името, кој е наметнат од страна на Грција по осамостојувањето на нашата земја придонесе на површина да испливаат документите на оваа тематика што ги објави „Викиликс“, а кои откриваат пикантерии за целиот процес.

Во оваа прилика ви ја пренесуваме содржината на документ на американската амбасада од февруари 2008 година во кој се опишува средбата меѓу тогашниот претседател Бранко Црвенковски и премиер Никола Груевски на која се разгледувале опциите за промена на името.

„Шефицата на кабинетот на претседателот Бранко Црвековски телефонски не брифираше за средбата што зад затворени врати се одржа на 8 февруари меѓу претседатело и премиерот, а на која се разговараше за пристапот на Македонија во однос на прашањето за името и кандидатурата за членство во НАТО.

Савова рече дека таа и претседателот биле „шокирани и изненадени“ од флексибилноста и конструктивноста на Груевски на состанокот на кој се разговарало за различни опции за име кое би се употребувало во меѓународните организации.

Таа изрази убедување дека Владата на Македонија ќе има пофлексибилен пристап на престојниот состанок на Македонија и Грција со преговарачот на ОН Метју Нимиц во Атина на 19 февруари, но и дека Владата би барала и реципрочен пристап и од Грција“, пишува во документот.

Во него се додава коментар во кој се потенцира дека последниот брифинг од Савова ги потврдува впечатоците дека Груевски веќе не инсистира на позицијата на „двојно име“ и дека Владата би можела да прифати решение во рамките на предлогот на Нимиц и на линиите и параметрите фаворизирани од Вашингтон.

Оргиналниот документ ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спорот за името во „Викиликс“: Фрустрациите на Али Ахмети

Спорот за името во „Викиликс“: Владата на Груевски уште во 2008 година понудила заедничко ревидирање на историските учебници со Грција

Спорот за името во „Викиликс“: Германија не сакала да лобира кај Грција и Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!