Триесет дена притвор за мажот од Пирава кој изврши полов напад врз малолетник

355 Views Февруари 12, 2018 Локално Редакција Емагазин

Триесет дена притвор му е изречен на мажот од селото Пирава кој се сомничи дека извршил полов напад врз малолетник, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес-конференција.

Како што информира, половиот напад врз малолетник од страна на лицето Ц.А.(55) од село Пирава бил пријавен на 5-ти овој месец во полициската станица на Валандово. По тоа, Надворешната канцеларија за кирминалистички работи од Валандово до ОЈО во Велес поднела известување поради основано сомневање за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник, кој не наполни 14 годии“.

По наредба на основен јавен обвинител пријавениот на 6 февруари бил лишен од слобода и предаден во ОЈО – Велес за прибирање на информации со цел навремено откривање, разјаснување и докажување на пријавеното кривично дело.

- Од страна на јавен обвинител во Велес дадени се насоки за постапување. Извршен е разговор со дете-жртва на полово дејствие во присуство на родител и социјален работник, рече портапаролката Рендевска. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.