Струмичанец се самозадоволувал пред рекреативки на трим патека

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишниот Р.Џ. од Струмица порад сомневање дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.

- На 3 овој месец околу 10 часот додека пријавителката заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале. После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица, информираше портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Откако бил пријавен настанот, осомничениот бил пронајден од полицијата и лишен од слобода.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.