Неисправна водата за пиење од четири мерни места во Прилепско

Водата за пиење не е исправна од четири мерни места во четири села во Прилепско, информираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Според направените анализи на Центарот не е исправна водата од два приватни објекта во селата Волково и Мало Рувци, а во селата Чумово и Прилепец водата од јавните чешми не смее да се користи за пиење.

Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места задолжително да се преврива најмалку десет минути пред употребата.

Општина Прилеп во четирите населени места денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје, со цел да се превенираат несакани последици за здравјето на жителите. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.