Дирекцијата за зони ќе потроши 3,8 милиони денари за обезбедување на зоните во Кичево, Струга и Прилеп

526 Views Февруари 13, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони објави оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуги за обезбедување на ТИРЗ Кичево, ТИРЗ Струга и ТИРЗ Прилеп.

Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 3.800.000 денари без ДДВ.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Целата набавка може да ја видите ТУКА.

Фото: Билд

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.