Владата пред договор за државна помош со инвеститори, а новиот закон за инвестиции не е донесен

372 Views Февруари 13, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Министрите во Владата, на денешната седница ќе го разгледаат и предлог договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци, Прилеп, како и предлог одлуката за давање согласност на договорот за доделување на државна помош на друштвото за производство, трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци во технолошко индустриската развојна зона Прилеп.

На истата седница Владата ќе ја разгледа предлог-одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината и предлог-одлуката за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство на лекови на компанијата САГЕН ДООЕЛ Скопје, како закупопримач.

Овие одлуки за нови инвеститори и поволности кои што тие ќе ги добиваат Владата ќе ги разгледува кога новиот Законот за финансиска поддршка на инвестиции во кој се сублимирани мерките на Владата од Планот за економски арст се уште не е донесен.

Се отвара прашањето според кои услови Владата планира да даде државна помош и државно земјиште на странски инвеститор, дали според старите услови кои што се уште се на сила или според новите услови кои што само се најавени, а не се законски во сила.

Во меѓувреме Владата на почетокот на годината потпиша договор со странски инвеститор кој ќе ги користи мерките од економскиот план, иако законот уште не е донесен. 

Вицепремиерто Кочо Анѓушев тогаш ваквото решение го објасни дека е со цел да се овозможи инвестирањето во зоните додека да стапат на сила мерките. 

 - Законот е рамка во која нема потреба посебно да се преговара и потпишува договор со секоја компанија. Со него ќе биде одредено точно што треба да добие секоја компанија. На тој начин компаниите ќе имаат предвидлива ситуација и нема да зависат од волјата и субјективната желба на никого и однапред ќе можат да имаат проекција за своите инвестиции и како ќе бидат помогнати од државата, изјави Анѓушев.

Главните услови кои треба да ги исполнат компаниите за да аплицираат за мерките се претходната година да имала приход поголем од просекот во последните 3 години и да нема намлаување на бројот на вработени за истиот период. За планот кој треба да донесе економски раст државата издвои близу 60 милиони евра кои треба да донесеат 100.000 нови вработувања.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.