Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

Планинарското друштво „Трансверзалец“, кое беше организатор на турата на Кајмакчалан во Грција, во која, животот го загубија двајцата планинари Калина Велевска и Александар Милановски, замолуваат планинарите да се воздржат од изјави.

„ДПС Трансверзалец ги замолува сите планинари да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан до објавувањето на официјалниот извештај“, се вели во нивниот апел на Фејсбук.

Оваа реакција од „Трансверзалец“ следува откако јавноста бара одговорност по оваа несреќна случка на Кајмакчалан.

Во еден од коментарите, по објавата на постот се вели:

„Мислам дека ако некој треба да се воздржува, тоа сте биле вие, организаторите, поискусните водичи, некој... да сте се воздржале од тргнување кон врвот. За воздржување сега е доцна! Ако се немало разум тогаш, сега на оваа тага уште помалку го има.“

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.