Миодраг Костиќ сака да купи дел од „Агрокор“

600 Views Февруари 13, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ познат како „кралот на шеќерот“, прв пат јаво покажа интерес дека сака да купи еден дел од хрватскиот конгломерат „Агрокор“.

-„Агрокор“ е голема компанија со голема актива. Секако дека нема да остане во облик на едно претпријатие. Ги следиме случувањата и во согласност со тоа сигурно ќе дојде до распродажба на имотот. Во оној дел на земјоделски преработки ќе бидеме голем инвеститор, изјави Костиќ за хрватската телевизија РТЛ, пренесуваат српските медиуми.

Царството на Костиќ опфаќа земјоделство, трговија и туризам со приходи поголеми од милијарда евра, а во Хрватска неодамна го купи туристичкиот комплекс Резиденција Скипер кај Умаг.

Тој најави дека ќе продолжи со инвестиции во Хрватска и дека ако се подобрат политичките односи меѓу Србија и Хрватска бројот на српските инвестиции во Хрватска може дополнително да се зголеми.

Фото: Танјуг

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.