Асоцијација на менаџери на Македонија го одржа ексклузивниот настан со Дарко Марковиќ

За прв пат во Македонија,се одржа ексклузивен настан од страна на најдобриот мотивациски говорник на Балканот, Дарко Мирковиќ, во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, вчера (12 февруари) во хотел Арка.

„Асоцијацијата на менаџери на Македонија низ годината ќе организира бројни настани кои ќе ги исполнуваат нашите стратешки цели како создавање и одржување на деловна мрежа со други здруженија и институции во земјата и во странство, активно учество во процесите за унапредување на економскиот, работниот и општествениот амбиент и воспоставување на професионални стандарди во областа на менаџерската професија и донесување на етички кодекс. Членовите и заинтересираните идни членови има што да очекуваат од нас во наредниот период.“, истакна Маја Ристова, претседател на Асоцијација на менаџери на Македонија. 

„Ми претставува голема чест и задоволство да останам во контакт со сите кои би дошле на настанот, и да продолжиме заедно да разменува искуства. Сите тие се луѓе со искуства и резултати, и некогаш само една идеја може на некој од нив да им ја подобри кариерата. Асоцијацијата на менаџери секогаш ќе се труди на своите членови да им помогне со слични проекти, и јас сакам да го дадам својот придонес.“, рече Дарко Мирковиќ.

Вештините и способностите на Дарко Мирковиќ се препознаени од Брајан Трејси, еден од најголемите лидери од областа за развој на човечките потенцијали.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.