Кој прв почна со нови имиња: Аеродромот во Солун или тој во Скопје

Лавина од реакции во грчките медиуми предизвика изјавата на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за името на аеродромот во Солун, кој се вика „Македонија“.

Најавата пак и неодамнешната конечната одлука дека аеродромот во Скопје од „Александар Велики“' ќе стане „Скопје“, кај нас помина млако. Најголемите забелешки беа за изборот на името, а не за самата одлука.

И угледниот Економист неодамна се занимаваше со имињата на аеродромите во регионов.

Од таму потсетија дека трендот за промена на имињата на аеродромите на Балканот го започнале Грците, „кога аеродромот во Солун во 1992 година го нарекоа „Македонија“ за да и напакостат на независната поранешна југословенска Република Македонија. Македонците подоцна во 2007 година го именуваа скопскиот аеродром како „Александар Велики““.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Бутарис спиел кога му побарале мислење: Никогаш не предложив да се смени името на аеродромот во Солун

Бутарис: Да размислиме за името на аеродромот „Македонија“, туристите кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.