Судењето за „Тортура“ на СЈО закажано за 28 февруари

Кривичниот суд за 28 февруари го закажа судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Тортура", во кој се обинети поранешниот прв човек на единицата „Алфа", Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата на крајот за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски. 

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, ќе им суди само на шетмината од единицата „Алфа", но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба и сега Апелацискиот суд треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.