Нови вработувања во ЕЛЕМ

648 Views Февруари 13, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, објави оглас за потреба од засновање на работен однос во Подружница ХЕЦ Црн Дрим Струга, АД EЛEM Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:

- 1 извршител на работно место „Одговорен за магацин" во Одделението за комерцијални работи, во Служба за финансиски и комерцијални работи.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: III/IV степен, Средно училиште;

Паричниот износ на основната плата е 26.981 денари.

- 1 извршител на работно место „Општ работник" во ХЕ Шпилје Дебар, во Служба за производство на електрична енергија.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: I степен, Основно училиште.

Паричниот износ на основната плата е 16. 988 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 до 15:00 часот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.