Димитров-Коѕијас: Решението за името и понатаму да биде под покровителство на ОН

Изнаоѓањето на прифатливо решение за надминување на разликитe околу името да биде и понатаму под покровителство на ОН, се договориле денеска во Виена министерите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, двајцата министри се согласиле за ова по средбата со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Со исто соопштение излезе и грчкото министерство за надворешни работи.

Фото: Грчко МНР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.