Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија изразува жалење и сочуство до семејствата и сите планинари, љубители на планината и природата за прерано згаснатите животи на нашите Калина Велевска и Александар Миновски, членови на Планинарскиот Клуб Трансверзалец од Скопје, велат од Федерацијата.

“Федерацијата со огромна тага и неверување ја прими информацијата за трагичната несреќа која се случи за време на планинарската тура организирана и реализирана од ПК Трансверзалец и уште во текот на вчерашниот ден оформи специјална комисија, составена од наши членови и екперти за немилиот настан.

Комисијата ги очекува сите релевантни податоци од надлежните институции во Република Македонија и соседна Република Грција, како и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција.

Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови.

Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции…

По добиените официјални информации и сознанија ФПСМ ќе излезе со свој став по повод немилиот настан“, се вели во соопштението на Федерацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.