Жените не бараат поголеми пениси, туку мажите

730 Views Февруари 13, 2018 18+ Никола Осило

Иако кај машката популација преовладува мислењето дека доколку би имале поголем пенис би имале повеќе шанси кај жените, тоа не е точно.

Според урологот Дадли Сет Даноф, кој дипломирал на „Јејл“ и кој во својата триесетгодишна кариера имал можност да работи со повеќе од 100.000 пациенти-мажи токму мажите се тие кои се љубоморни на лицата со големи пениси за разлика од жените на кои им е поважно каков е одреден човек отколку колкава е големината на неговиот пенис.

Во однос на напливот на интернет реклами на различни таблети и други медикаменти за зголемување на пенисот, Даноф за „Медикал дејли“ вели дека најголем дел од нив се лажни и дека се базираат на пласибо ефект.

Според него, дури 40 отсто од мажите кои користат вакви медикаменти и кои платиле 30-40 долари за терапија ќе одговорат дека почувствувале разлика откако ги зеле таблетите иако научно е докажано дека е невозможно да дојде до зголемување на пенисот на овој начин.

Фото: proprofs.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!