За акцијата „Ден на дрвото“ потрошени 17,8 милиони евра, преживеале 21 отсто од садниците

643 Views Февруари 13, 2018 Македонија Никола Осило

Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Македонски шуми - Скопје за вкупно потрошените финансиски средства за спроведување на Акцијата “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” од почетокот на акцијата до 2016 година.

Според оваа информација за реализација на оваа акција биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници.

Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!