Фамозниот Мерцедес на Груевски оди на продажба, почетна цена 230 илјади евра

Владата денеска донесе одлука да се изврши продажба на патничкото моторно возило Мерцедес Бенц С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208 денари (230.000 евра).

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.