Се гледа ли крајот на телевизијата: Вработените на „ТВ Нова“ пратени на принуден одмор

1490 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Вработените во “ТВ Нова“ ќе бидат на принуден одмор до крајот на месецот, а потоа не се знае ниту нивната судбина, ниту судбината на телевизијата. 

Според информации на еМагазин, менаџментот на телевизијата ги информирал новинарите, техничкиот персонал и останатите вработени дека не треба да доаѓаа на работа до крајот на месецот и дека иако не одат на работа, принудниот одмор ќе им биде платен.

Не добиле информација дали и кога ќе им бидат исплатени заостанатите плати. На вработените не им се исплатени плати од октомври минатата година.

Во меѓувреме телевизијата се уште емитува програма, репризи од претходно снимени емисии, но нема вести и информации во живо, за што ја имаат и концесијата за емитување програма.

Во јавноста се шпекулираше дека има заинтересирани инвеститори кои што сакаат да ја превземат телевизијата, но очигледно нема договор за нов сопственик кој би ја спасил од затварање.

Телевизијата има околу 90 вработени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.