Автопатот Скопје-Блаце ќе почне да се гради во втората половина на 2019 година

830 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Изградбата на автопатот од Скопје до граничниот премин Блаце ќе започне дури за една ипол година, некаде во втората половина на 2019 година.

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Изградба на автопат Скопје-Блаце“ со што е проектирано работите да започнат во втората половина на 2019 и да бидат завршени до крајот на 2022 година.

Оваа автопатска делница е една од најголемите барања на македонските бизнисмени кој досега е многу пати најавуван, но никако да се реализира.

Се работи за делница долга 12 километри за која се бараат финансиски средства за реализација.

Претходната Влада планираше да го даде овој автопат под концесија, но не успеа да најде концесионер.

Во меѓувреме од косовска страна забрзано се работи на изградба на автопатската декница која го има името „Арбен Џафери“ од Приштина до границата со Македонија.

Според проекциите изградбата на автопатот би требало да заврши до крајот на годинава.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.