Марјан Цветковски реизбран за директор на МРТ

964 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија на седница за нов извршен директор го реизбра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор. 

МРТ на крајот на јануари распиша оглас за избор на директор, а мандатот на Цветковски му истекуваше во март.

Ова е трет мандат на Цветковски како дирекор на јавниот сервис.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.