Заштитник на љубовта: Од кога и зошто се слави Свети Валентин?

653 Views Февруари 14, 2018 Живот Редакција Емагазин

Првично стариот римокатолички празник во чест на Св. Валентин, веројатно почнува да се поврзува со романтичната љубов во средниот век.

На овој ден уште во 14. век почнува да станува традиција да се разменуваат љубовни пораки. Модерните симболи на љубовта сега се срцето и сликата на крилата на Купидон.

Во 20. век рачно напишаните пораки се заменети од масовно произведени готови картички.

Се проценува дека секоја година се праќаат 1 милијарда љубовни честитки, а жените купуваат околу 85% од сите честитки за Валентин.

Во втората половина на 20. век во САД и други места во светот воспоставената практика на размена на картички се проширува и се воведуваат подароци.

Најпопуларните подароци се рози и чоколадо. 

За самиот Св. Валентин, сепак, се знае малку. Познати се три приказни за свети Валентин.

Според една од нив во древната римска држава живеел свештеникот Валентин, кој венчавал вљубени парови. Тој бил уапсен и погубен на 14.02.269 година за поттикнување на бракови.

Самата егзекуција била како прослава, бидејќи луѓето го испратиле со цвеќиња и слатки. Стотина години подоцна луѓето се уште се сеќаваат на она на што ги учел Валентин и го прогласиле за светец и заштитник на вљубените.

Друга приказна раскажува за млад исцелител со истото име, кој живеел во I в. Пред Христос. Младичот имал чудесни способности на изцелител и токму заради тоа и поради својата вера бил затворен. 

Во затвор младиот Валентин ја излекувал слепата ќерка на надзорникот. Девојката прогледала и го бакнала. Двајцата преживеале бурна, но кратка љубов, бидејќи Валентин бил осуден на смрт. 

Пред да го фрлат на лавовите, тој испратил писмо на саканата напишано на парче од облеката во форма на срце и потпис: "Твој Валентин". Тогаш настанала и традицијата да се подаруваат картички.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.