Со новиот Закон за медиуми ќе се смени раководството на МРТ

392 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Откако ќе биде донесен новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе бидат назначени нови раководни позиции во Македоската радио телевизија, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски по информацијата дека досегашниот директор Марјан Цветковски е реизбран за директор на јавниот сервис.

-Владата нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ, кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија, рече Бошњаковски.

Според него, веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во Македонската радио телевизија и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). 

-Тоа значи дека овој избор на важност се додека не го усвоиме законот, рече Бошњаковски.

Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.

Програмскиот сервис на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекуваше во март годинава.

Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.