„Продис“ треба да плати 150 илјади евра казна поради прекршување на договорт за инвестицијата во Бунарџик

680 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Поради непочитување на договорот за инвестирање во Бунарџик, фармацевтската компанија Продис ќе треба да и плати на државата оштета од над 150 илјади евра.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска на прес конференција, појасни дека странскиот инвеститор, согласно договорот за инвестирање кој го имал потпишан со Владата требало да вработи најмалку 100 лица во фабриката во слободната зона во Скопје, но во 2015 и 2016 година, договорот не бил испочитуван.

- Согласно податоците што ги имаме биле вработени 40 лица во текот на овој период. Заради тоа Агенцијата за странски инвестиции почна постапка за наплата на средства поради активирање на договорени пенали за овие две години, изјави Бошњаковски.

Компанијата „Продис“ е инвестиција во Македонија на рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“, во која се произведуваат хомеопатски лекови, органски и неоргански производи и чаеви. Отворена беше во октомври 2012 година. 

Фото: Продис

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.