Четирите концерти на Каролина распродадени, закажани се уште три

543 Views Февруари 14, 2018 Забава Редакција Емагазин

Закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26 февруари се распродадени.

Од „Авалон продукција“ информираат дека поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Сè“ низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.