Екипите на ЕВН Македонија ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

491 Views Февруари 14, 2018 Локално Редакција Емагазин

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија.

Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во мавровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.

Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места освен онаму каде што имаше проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот.

Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон.

ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места.

ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.