(Фото) Заев кроеше лозје во „Тиквеш“

1620 Views Февруари 14, 2018 Вино Редакција Емагазин

Со сите традиционални обичаи, во присуство на голем број партнери, соработници, членови на управниот одбор и менаџментот, како и вработени и пријатели на винарската визба „Тиквеш“ од Македонија и од регионот, денеска, на локалитетот „Лепово“ се изврши чинот на закројување на лозовите насади.



Официјалниот чин на закројување на лозите на локалитетот „Лепово“ го извршија: претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.

Според менаџменот на „Тиквеш“, винарницата ќе продолжи да ги негува партнерските односи и успешната соработка со лозарите, а основата за тоа се почитување на преземените взаемни обрски и соодветно наградување на квалитетот.



И годинава, ВВ „Тиквеш“ пред законски утврдениот рок за исплата на грозјето, исплати близу 70% од вкупната вредност на откупеното грозје, со што повторно го надмина законски дефинираниот минимум од 60% што треба да бидат исплатени заклучно со 15 февруари.

Минатата берба „Тиквеш“ откупи близу 15 милиони килограми квалитено грозје, при што беше постигната откупна цена во просек од 19 денари за килограм, што е за 28% повисока од просечната откупна цена во изминатите три години.

Се планира и остатaнатите 30% од вкупната вредност на откупеното грозје да бидат исплатени пред законски предвидениот рок.



Благодарение на партнерскиот однос и соработката со околу 2.000 производители на грозје, како и развојот на над 1.000 хектари сопствени лозови насади, „Тиквеш“ секоја година обезбедува квалитетно грозје од кое, со помош на најсовремена технологија, стручност и искуство се произведува високо квалитетно вино кое од година во година станува префериран избор за сѐ поголем број потрошувачи на голем број пазари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.