Ексдиректорот на Агенцијата за туризам, Донев спиел во „Хилтон“ и си пазарел со службената картичка

Ексдиректорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев, во Буенос Аирес, Аргентина, спиел во познатиот синџир луксузни хотели – „Хилтон“, летал со бизнис-класа и на патувањето за назад од Јапонија и не искористил купени авионски билети, покажуваат извештаите на Агенцијата и од неговата службена картичка до кои дојде „Макфакс“ преку барање за слободен пристап до информации.

Во Лондон променил хотел од полоша категорија за подобар, а исто така имал и шопинг за приватни цели во најмалку две продавници – една во Аргентина и една во Токио.

Донев во разговор за „Макфакс“ ги потврдил извештаите што ги добиле, но вели дека сите средства што ги искористил за приватни цели, бидејќи имал проблеми со својата картичка, по патувањето, ги вратил на службената сметка.

Целата сторија на Макфакс, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Александар Донев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.