Грчката влада вознемирена бидејќи премиерот Зоран Заев „побрзал“ да ја посети Анкара

Грчката влада не крие дека е вознемирена бидејќи македонскиот премиер Зоран Заев „побрзал“ да ја посети Анкара и „да побара јавна поддршка од Турција“.

Во Атина сметаат дека овој потег ја отвора вратата за поголема улога на Турција на Балканот, особено во овој период кога грчко-турските односи пак се во криза, овој пат околу островите Имиа, пишува грчкиот весник „Иефимерида“.

Премиерот Заев, пред посетата на Анкара, на новинарско прашање, одговори дека посетата била планирана од поодамна.

Според весникот, сите индикации се дека се преговара околу името „Горна Македонија“ и дека терминот „Македонија“ дефинитивно останува во името.

Фото: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.