Казната за монополско работење на „Прилепска пиварница“ намалена од 2,7 милиони евра на 70.000 евра

1149 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Никола Осило

„Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп информира дека врз основа на пресуда на Управниот суд решението од 22.05.2017 година од Комисијата за заштита на конкуренција со кое на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и беше изречена глоба во износ од 166.778.900 денари е поништено, а предметот бил вратен на повторно одлучување.

„Постапувајќи по напатствијата на Управниот суд Комисија за заштита на конкуренцијата-Комисија за одлучување по прекршок со Решение ПП бр. 09-2/2 од 07.02.2018 година и изрече глоба на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп во износ од 4.297.995 денари“, соопшти компанијата.

Фото: Википедија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!