(Фото) Илина Арсова: Планината дава но и зема, памет во глава

2662 Views Февруари 14, 2018 Живот Редакција Емагазин

Алпинистката Илина Арсова работи и волонтира Јужна Америка, а во слободно време тренира и качува планини.

Таа на нејзиниот фејсбук-профил напиша дека перуанската култура и народ и биле дамнешна желба, но освен што учи за луѓето таму, вели дека доста учи и за себеси, за сопствените дела, постапки, амбиции и начинот на животот.

„Ве поздравувам со прекрасен вулкански пејзаж и нов врв, вулканот Чачани 6075 метри, петти по ред во колекцијата искачени врвови со над 6000 метри надморска висина. Особено ме пленат вулкани, без разлика на нивната висина се восхитувам на нивната моќ. Од технички аспект врвот не беше комплициран, за разлика од некои претходно, сепак висината е сама по себе предизвик. Со оглед на тоа дека овде е дождлива сезона, треба малку да се има среќа и со времето“, напиша Илина.

Таа исто така се произнесе и со несреќата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца млади планинари.

„Не знам што да кажам. Далеку сум и не знам што точно се случило, но премногу ми е жал и уште не можам да поверувам. Искрено сочувство, нека почиваат во мир. И нека не се повтори!

За сите други што секојдневно постирате слики во планина, ве молам ВЕ МОЛАМ најискрено, памет во глава! Планината дава, но и зема! Знае да биде девствено убава, но истовремено моќна, дива и може да повреди“, напиша Илина.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.