Постои ли нелегален канал за извоз: Триесетина кучиња од Македонија чувани во ужасни услови во гратче во Германија

605 Views Февруари 14, 2018 Македонија Никола Осило

Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ) побара од македонските надлежни служби да се инволвираат во случајот кој беше отворен во Германија, кога службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш, Германија, на периферијата на Вупертал, во напуштен објект со ужасни услови пронајде 54 кучиња и 3 мачки, од кои 33 кучиња од Македонија.

Германскиот весник „Билд“ пренесе страотни фотографии направени на лице место, каде што се гледа дека животните биле чувани во услови под секое достоинство, а голем број од нив се болни, изнемоштени, имаат заразни болести, тумори и паразити.

„Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да стапи во контакт со германските колеги, за да се утврди дали станува збор за нелегален канал за „извоз“ на кучиња во Германија, кои се посредниците кои го овозможуваат ова и дали испраќањето на животни од Македонија во други држави се прави во согласност со законските прописи“, велат од ААПЖ.

Фото: Bild

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!